Дуда: Ако Софија ви каже „не“ за ЕУ и по изборите лично ќе се заложам да се реши прашањето

LinkSense.mk

Полскиот претседател, Дуда во изјава кажа дека, доколку Бугарија каже не за влегување на Македонија во ЕУ, лично ќе истапел, и како што рече ќе се залага за изготвување на патоказ.

“Се надевам дека новоформираната влада во Бугарија ќе има поконструктивна позиција во поглед на пристапувањето на Република С Македонија во ЕУ.

Во овој момент би сакал да кажам дека Полска ја дава безрезервната поддршка на РСМ за влез во ЕУ и тука би сакал јавно да изјавам дека доколку Бугарија и натаму реагира неконструктивно, односно каже – не, за влез на РСМ во Европа, јас лично ќе истапам и ќе се залагам за изготвување на некој патоказ, односно документ којшто ќе послужи на РСМ полесно да се справи со ова прашање за влез во ЕУ“, рече Дуда.