ДУИ: Не е време за избори, да се спроведе Договорот од Преспа

LinkSense.mk

Во моментов не е време за предвремени парламентарни избори, туку за изнаоѓање решение со кое ќе се имплементира Преспанскиот договор во Парламентот, заклучи вечерва централното претседателство на ДУИ.

Претседателството на седницата во мала Речица оцени дека со евентуални избори ќе се наруши динамиката на имплементацијата на Договорот од Преспа, што, пак, може да доведе до сериозна блокада на интегративните процеси на Македонија во НАТО и ЕУ.

ДУИ апелира до останатите политички партии да работат на создавање услови за имплементација на Договорот со Грција.

„ДУИ смета дека потпишаниот и ратификуваниот Договор е меѓународна обврска на државата и во таа насока ги поздравува пораките испратени од меѓународните пријатели, пред се од САД, Европската Унија, земјите – членки на Унијата,…, во кои јасно и недвосмислено се повикува Парламентот на Македонија да ја преземе обврската за спроведување и имплементирање на Договорот од Преспа, наведува ДУИ во соопштението до медиумите, стои во соопштението од партијата.

Претседателството на ДУИ укажува дека на референдумот излегоа преку 650 илјади граѓани од кои над 90 отсто или 610.000 се изјаснија позитивно, со што јасно се отсликува волјата за влез на земјата во ЕУ и НАТО и за прифаќање на Прсепанскиот договор.