Попладнево во Скопје, Демократската унија за интеграција на Конвенција под слоганот „За општината која ја сакаме“ ги промовираше своите кандидати за градоначалници на локалните избори.
Лидерот на партијата Али Ахмети во своето обраќање ги повика гласачите да ги поддржат предложените кандидати.
„На овој долг и тежок пат може се направени пропусти бидејќи кој работи може понекогаш и да згреши. Но нашата цел нашата дестинација никогаш не сме ја промениле, а тоа е да продолжиме во нов дух заедно со вас.
„Ве повикувам да продолжиоме со промовирање на вредностите на ДУИ. Вредностите на толеранцијата, солидарноста, на помирувањето, на консензуалноста, на одговорноста, на храбрите одлуки и евроамериканскиот дух, рече Ахмети на Конвенцијата.
Тој рече дека во ДУИ се посветени на градење правна држава и општество во кое ќе владее законот еднаков за сите затоа , потенцира тимовите работат на сите промени.







