ДУИ ја усвои политичката платформа за референдумот

LinkSense.mk

Членовите на Централниот одбор на Демократската унија за интеграција синоќа во Скопје ја усвои политичка платформа за референдумот со цел интеграција на Македонија во НАТО и Европската унија.

Од ДУИ посочуваат дека на  30 септември, постојат само две опции, едната е за европска Македонија, додека другата е против.

„Без двоумења и со неспоредлива посветеност, Демократската унија за интеграција со сите свои капацитети, ќе се ангажира за успехот на референдумот и победа на прогресивните сили во земјава, се наведува во соопштението од партијата.

Од ДУИ ја истакнуваат неопходноста од реформите, владеењето  на правото и еднаквоста на законот,  како и потребата  за транспарентност  и апсолутно независно судство  како предуслов за евроатланската интеграција.

Оттаму посочуваат дека партијата ќе дејствува во согласност со огромното мнозинство на Албанците и другите граѓани во кампањата „ЗА„ и ќе соработува со политичките партии, организациите на цивилното општество, академската заедница, создавачите на јавното мислење,  интересните групи и медиумите во кампањата за Европа и за НАТО.

Jа повикуваме албанската и македонската опозиција да се приклучи на заедничкиот успех, бидејќи од постројувањето на нашата земја во Брисел придобивка има државата и граѓаните, придобивка има и опозицијата. Исто така, ги повикуваат тие што се уште се двоумат и ги калкулираат нивните позиции за дневно политички потреби, да се надминат себеси и да застанат заедно со прогресивните сили во земјата, се наведува во соопштението.

ДУИ апелира и до дијаспората како носител на процесите за промени во земјата да дојде во Македонија на 30 септември и да го подржи  референдумот за интеграција на земјата во НАТО и ЕУ.