Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов

октомври 28, 2026

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив

октомври 28, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
  • Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив
  • Резултатите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот изедначенипо изборите во Израел
  • Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европа се заклучува пред празниците поради Ковид-19
СВЕТ

Европа се заклучува пред празниците поради Ковид-19

декември 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Поради влошената епидемиолошка состојба, и во пресрет на божиќните и новогодишните празници, европските земји ги заоструваат веќе постоечките ограничувачки мерки.

Германија влезе во целосна блокада на полноќ, а Франција претходната блокада ја заменува со полициски час.

Мерките ќе траат во Германија до 10 јануари и во тој период ќе работат само продавници како супермаркети и аптеки, како и банки.

Училиштата исто така ќе бидат затворени во тој период, а од работодавците ќе се бара да затвораат деловни активности или нивните вработени да работат од дома.

За време на божиќните празници од 24 до 26 декември ќе има мала релаксација: тогаш ќе им биде дозволено на најмногу четири лица од најблискиот семеен круг, кои не припаѓаат на едно домаќинство, да дојдат во нечија куќа.

Забраната за собири ќе биде во сила за новогодишната ноќ.

Овој Божиќ ќе биде сосема поинаков и во црквите: минималното растојание е еден и пол метар со задолжителна маска.

Пеење не е дозволено оваа година.

Правилата важат и за синагогите и за џамиите.

Во Франција, полицискиот час ќе важи од 20 до 6 часот наутро, кога луѓето нема да можат да ги напуштат своите домови без дозвола.

Исклучок ќе биде Бадник, но правилото ќе важи за новогодишната ноќ, јави Би-би-си.

Баровите и рестораните ќе бидат затворени најмалку до 20 јануари.

Нови мерки за „заклучување“, кои, меѓу другото, значат затворање училишта и продавници најмалку пет недели, исто така се донесени во Холандија.

Училишта, невитални продавници, музеи, спортски сали, театри и фризерски салони се затворени од полноќ до 19 јануари.

Ограничувањата ќе бидат намалени околу Божиќ кога холандските домаќинства ќе можат да бидат домаќини на три наместо на двајца гости.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ги повика граѓаните да избегнуваат „неодговорни“ собири за време на празниците и најави можно засилување на мерките за тој период.

актуелно Европа Ковид-19 Празници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов

октомври 28, 2026

Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.