Европа ја руши инфлацијата

LinkSense.mk

„Централна Банка (ЕЦБ) мора да продолжи да ги зголемува своите каматни стапки за да ја скроти инфлацијата, дури и ако споредниот ефект од заострувањето на монетарната политика ќе биде послаб раст“, изјави денеска претседателката на банката, Кристин Лагард.

„Ќе ја вратиме инфлацијата на 2,0 проценти на среден рок и за таа цел ќе го направиме она што треба, а тоа е да продолжиме со зголемување на каматните стапки на следните неколку средби“, рече Лагард на конференција, додавајќи дека економијата може да направи многу повеќе штета, ако ЕЦБ не го стори тоа.

Таа додаде дека „прва цел“ во поглед на зголемувањето на каматите ќе биде постигнување на неутрална стапка, која ниту го стимулира ниту го забавува економскиот раст.