Евростат: Во ЕУ приближно три милиони луѓе не можат да ги загреат домовите

Поради ниските плати, речиси три милиони луѓе во Европска Унија не можат да си дозволат да ги загреат своите домови, иако работат, покажува анализа на податоците на Евростат.

Анализата е направена во период кога се зголемени цените на енергенси во Европа. На почетокот на есента и во пресрет на зимата, 15 проценти од сиромашните луѓе во Европа, кои се вработени нема да можат да вклучат греење.

Овој процент е еднаков на 2.713.578 луѓе низ Европа, предупредува Европска конфедерација на синдикати (ЕКС).

Според ЕКС ситуацијата е влошена во десетина земји-членки на ЕУ во изминатата деценија, а според прогнозите порастот на цените на електричната енергија во Европа, можно е да доведе до до уште поголема енергетска сиромаштија.

Најлошо е на Кипар – 45,6 проценти, потоа Бугарија – 42,8 проценти, Литванија – 34,5 проценти. Најголем раст на сиромашни работници, 16,5 проценти, кои не можат да си дозволат греење од 2009 година се регистрирани во Хрватска.