Цените на куќите во Европската унија се зголемија во четвртиот квартал од 2023 година за 0,2 отсто во споредба со истиот период претходната година, додека кириите се зголемија за три отсто, покажуваат податоците на Евростат.
Канцеларијата за статистика на Европската унија наведува дека цените на куќите и кириите во ЕУ следеле слична шема помеѓу 2010 и вториот квартал од 2011 година, но сега се развиваат поинаку. Додека кириите постојано растеа од тогаш до вториот квартал од 2023 година, цените на куќите и паднаа и пораснаа побрзо, пренесува Танјуг. Според податоците на Евростат, по остриот пад помеѓу 2011 и 2013 година, цените на куќите останале повеќе или помалку стабилни меѓу 2013 и 2014 година, а на почетокот на 2015 година следел силен пораст.
Цените на куќите растеле побрзо од кириите до третиот квартал од 2022 година. Цените на домовите паднаа од четвртиот квартал на 2022 година, два последователни квартали пред повторно да пораснат во вториот и третиот квартал од 2023 година и благо да се намалат во четвртиот квартал од 2023 година.
Кога се споредуваат четвртите квартали од 2023 година и 2010 година, меѓу земјите-членки на ЕУ за кои се достапни податоци, цените на куќите пораснале повеќе од кириите во 19 земји. Цените на куќите се повеќе од двојно зголемени во Естонија (217 отсто), Унгарија (185 отсто), Литванија (162 отсто), додека намалување е забележано во Италија (за осум отсто) и Кипар (три отсто







