Едногласна одлука: Укинат пратеничкиот имунитет на Себастијан Курц

LinkSense.mk

На шефот на пратеничкиот клуб на Народната партија на Австрија (ОВП), некогашиот канцелар Себастија Курц, денеска парламентот му го укина пратеничкиот имунитет со цел да продолжи истрагата која ја води Обвинителството за стопански криминал и корупција.

Одлуката за укинување на имунитетот на Курц е донесена едногласно, а гласала и ОВП чиј лидер е Курц.

Курц, после поднесувањето на оставката на место канцелар беше заштитен со пратеничкиот имунитет затоа што седна во пратеничките клупи.

Против него се води истрага заради проневера, како и давање лажни изјави пред парламентарната истражна комисија во врска со корупциската афера „Ибица“.

Во вторникот Одборот за имунитет даде препорака за укинување на имунитетот на Курц така што денес беше само формалност таа да се потврди на седница на Собранието.

Курц, кога се дозна за покренатата истрага, рече дека не е виновен, и дека не го прекршил законот, отфрлајќи ги сите обвиненија.

Изјави дека се радува на укинувањето на имунитетот затоа што сега ќе може да продолжи истрагата и дека ќе докаже оти не сторил ништо противзаконско.

Освен нему, денеска е укинат и пратеничкиот имунитет на генералниот секретар на Слободарската партија на Австрија (ФПО), Михаел Шнедлиц. Против Шнедлиц се води истрага заради ширење на омраза во случајот со убиството на малолетничката Леони, а за што се обвинети илегални мигранти.

 

 

 

(Фото: АП)