Едно лице загина, а неколкумина се повредени при напад со нож во Ница

Рано утринава најмалку едно лице загина, а неколку други се повредени во напад со нож извршен во близина на црква во областа Нотр-Дам во Ница.

Од јавноста е побарано да ја избегнуваат областа каде што се случил инцидентот. Во моментов вооружената полиција спроведува голема безбедносна акција.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси потврди дека наводниот сторител е приведен и се заблагодари на полицијата за брзата реакција.

Мотивот за нападот останува нејасен, но градоначалникот Естроси потврди дека, врз основа на досегашните докази, станува збор за терористички напад.