ЕМА дозволи засилувачка доза за лица со ослабен имунитет, 28 денови по ревакцината

LinkSense.mk

Европската агенција за лекови (ЕМА) соошти денеска дека засилувачка доза на вакцини против Ковид-19, изработени и произведени од Бионтек/Фајзер и од Модерна, може да се аплицира на луѓе со ослабен имунитет, најмалку 28 денови по примањето на втората доза.

Препораката е дадена по анализи кои покажале дека т.н. бустер доза ја зголемува способноста да се произведат антитела кај пациенти со трансплантирани органи со ослабен имунолошки систем.

Агенцијата исто така нагласува дека Европејците на возраст од 18 до 55 години, со нормален имунолошки систем би требало да примат трета вакцина најмалку шест месеци по втората доза.

Според нив, важно е да се прави разлика меѓу дополнителната доза за лица со ослабен имунитет и бустер-доза за лица со нормален имунолошки систем.