ЕМА: Фајзер/БиоНТеч вакцината може да биде одобрена за неколку недели

„Европската агенција за лекови (ЕМА) „ во рок од неколку недели“ ќе одлучи дали ќе ја одобри вакцината на Фајзер/БиоНТеч, за таа ќе зависи од тоа дали дадените податоци се доволно големи, соопшти европскиот регулатор на лекови“, пренесе ДПА.

„Мислењето за одобрение за употреба на вакцината може да се издаде за неколку недели, во зависност од тоа дали доставените податоци се доволно големи и целосни за да се покаже квалитетот, безбедноста и
ефикасноста на вакцината“, наведува ЕМА. Проценката ќе биде донесена на вонреден состанок, закажан најдоцна за 29 декември, се додава од Агенцијата.

Авторизација на пазарот на ЕУ за своја вакцина единствено уште побара компанијата „Модерна“, а за неа одлуката може да се очекува најдоцна до 12 јануари, додаде ЕМА, пренесе ДПА.