Ердоган: „Бајден има крвави раце!“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, има крвави раце заради поддршката што му ја дава на Израел, откако беше објавено дека Вашингтон одобрил нова продажба на оружје на таа земја.

Ердоган го критикуваше Бајден затоа што одобрил продажба на оружје на Израел во вредност од 735 милиони долари, а извори од Конгресот рекле дека не очекуваат какво било противење на тој договор и покрај судирот меѓу Израел и палестинските екстремисти.

„Пишувате историја со крвави раце“, му порача Ердоган на Бајден, забележувајќи и на неговата администрација за усвојувањето на новата одлука за продажба на оружје на Израел кој води несразмерни напади на Газа, што причинува мачеништво за стотици илјади луѓе.

Турскиот претседател ги критикуваше западните сили заради слабиот одговор на израелско-палестинските судири.

Ердоган, главниот бранител на Палестинците, контактирал со светските лидери минатата недела, повикувајќи ги на цврсто делување против Израел.

Освен кон САД, тој луто се нафрли и на Европа, при што ја осуди Австрија затоа што во петокто израелско знаме беше поставено на јарболот пред зградата на австриската влада во Виена.

„Австрија сака муслиманите да ја платат цената за Евреите над кои спроведе геноцид“, порача Ердоган.

Австрискиот силно произраелски канцелар Себастијан Курц го нарече тој потег знак на солидарност.

Военото воздухопловство на Израел денеска изведе повеќе удари во Газа, додека палестинските милитанти истрелаа повеќе ракети на израелски градови.

И покрај дипломатските напори на Америка и регионалните актери, засега смртоносните борби не запреа.

Турскиот претседател упати остра порака и на Израел: „Вие сте убијци, до таа мерка што убивате деца од по пет-шест години.“