Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека неговата земја нема да дозволи Финска и Шведска да влезат во НАТО.
„Турција не може да каже ‘да’ за членството на Финска и Шведска во НАТО. Без навреда, тоа е невозможно“, рече Ердоган.
Тој најави дека делегациите на тие две земји во понеделник ќе ја посетат Турција, но порача дека „не мора да се мачат“ и да доаѓаат за да ја убедат Турција да го одобри нивниот прием во НАТО.
(Фото: ЕПА)