Ердоган не ги слуша САД: Турција купува руски системи С-400

Шефот на турската дипломатија, Мевлуд Чавушоглу, му соопшти на државниот секретар на САД дека прашањето за С-400 за Анкара е затворено.

Повторно го потсетивме зошто Турција ги купи системите С-400 од Русија. Тие се купени и сега тоа е завршена работа“, им изјави Чавушоглу на турските новинари во Брисел.

Разговорот на официјалните лица на Турција и САД одржан е на маргините на Самитот на шефовите на дипломатиите на државите членки на НАТО, одржан во Брисел.

Да потсетиме, медиумите пишуваа дека Вашингтон и предлагал на Анкара да се откаже од намерата да набави руски системи С-400 за 100 милијарди долари, но Турција не го послушала предлогот. Наместо тоа, Турција изразила подготвеност да купи од Русија дополнително уште еден комплет С-400 под услов да им биде предадена и технологијата.

Испораката на руските противвоздушни одбранбени системи, кои предизвикаа криза во односите меѓу Турција и Соединетите Американски Држави, почнаа во средината на јули 2019 година.

Вашингтон бараше од Анкара да се откаже од договорот и за возврат да купи американски системи „Патриот“, заканувајќи се дека ќе ја одложи или дури и откаже продажбата на најновите ловци Ф-35 на Турција, како и тоа дека ќе воведе санции во склад со Законот за спротивставување на американските противници со посредство на санкции.

САД подоцна му воведоа санкции на турскиот Секретаријат за одбранбена индустрија и на неговиот директор Исмаил Демир, како и на три физички лица во државата заради нивната „поврзаност со Русија“.