Во Турција се продаваат две христијански цркви, пишува австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.
Наводно, храмовите се продаваат заради пополнување на буџетот на Турција која моментно се наоѓа во голема економска криза.
Храмовите на Грчката православна црква во Бурса и на Сириската православна црква во Мардина се продаваат за 441.000, односно за 507.500 евра.
Секретарот на Одделението за надворешни црковни врски на Московската патријаршија, Игор Јакимчук, соопшти дека Руската православна црква не може да одобри ваков однос кон храмовите каде било во светот.







