Европските земји оваа зима ќе се соочат со сериозни тешкотии поради ограничувањата за испорака на гас од Русија, оцени турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган.
Тој на состанокот со членови на Турската младинска фондација во Истанбул, рекол дека сега цела Европа се прашува како ќе помине оваа зима, јавува новинската агенција „Анадолија“.
Ердоган истакнал дека Турција оваа зима нема да има проблеми со енергенси.
(Фото: АП)






