Ердоган телефонски ќе разговара со Путин и со Зеленски

LinkSense.mk

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган соопшти за намерата денеска телефонски да разговара со рускиот и со украинскиот колега, Владимир Путин и Володимир Зеленски.

„Се разбира, Русија нема потизивно да гледа на работите (пристапот на Шведска и Финска кон НАТО). Русија, пред сè, е загрижена поради финското прашање. Зошто? Затоа што е гранична земја и затоа не го поддржува членството на Финска во НАТО. Всушност, Русија не поддржува влез на ниту една скандинавска земја во НАТО, изјави Ердоган по посетата на Азербејџан.

Тој оцени дека „ние сонуваме дека војната меѓу Русија и Украина ќе заврши што поскоро со мир, но, се чини оти работите се развиваат негативно од ден за ден“.

За денеска, Ердоган најави телефонски разговори со претседателите на Русија и Украина.

„Ќе продолжиме да ги повикуваме страните да користат канали на дијалог и дипломатија, истакна турскиот лидер.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков потврди за планираниот разговор за денеска меѓу Путин и Ердоган.

 

МИА