Ерменија: Жестока тепачка во парламентот (ВИДЕО)

Во ерменскиот парламент вчера, во текот на говорот на премиерот Никола Пашињан, дојде до тепачка.

Вербалната пресметка меѓу пратеничката од опозициската фракција „Имам чест“, Ана Мкртчијан и Пашињан прерасна во физичка пресметка со претставниците на владеачката партија.

Претседателот на парламентот, Ален Симоњан, побара опозициската пратеничка да ја напушти салата, после што униформирани припадници на Службата за безбедност влегоа во салата и се обидоа да ја изведат. Опозицискитепратеници ја бранеа, заради што дојде до туркање, после што беше прогласена пауза во работата на парламентот.

Седницата беше продолжена кога опозицијата ја напушти парламентарната сала.