ЕУ го најави шестиот пакет санкции против Русија

LinkSense.mk

Еврокомесарот за енергетика, Кадри Симсон, на прес-конференција во Варшава изјави дека шестиот пакет санкции на Европската унија против Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина се очекува „многу наскоро“.

Точниот датум на пакетот сè уште не е потврден, а како и за претходните рунди на санкции од Унијата, ќе треба одобрение од земјите на ЕУ.

Унгарската влада на Виктор Орбан веќе сугерираше дека ќе се спротивстави на санкциите „бидејќи блокирањето на пристапот на Унгарија до рускиот енергетски увоз ќе ја дестабилизира економијата“.