Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЕУ го поздрави договорот за ослободување на заложниците киднапирани од Хамас и за пауза во конфликтот
СВЕТ

ЕУ го поздрави договорот за ослободување на заложниците киднапирани од Хамас и за пауза во конфликтот

ноември 22, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Европската Унија го поздрави постигнатиот договор за ослободување на 50 киднапирани заложници од страна на Хамас во следните четири дена, период во која ќе има и пауза во непријателствата меѓу оваа терористичка организација и Израел.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во писмена изјава им изрази благодарност „на сите оние кои неуморно работеа преку дипломатски канали во последните недели за да го издејствуваат овој договор“.

– Од се срце го поздравувам постигнатиот договор за ослободување на 50-те заложници и за пауза во непријателствата. Секој ден во кој овие мајки и деца се држат како заложници од терористите е премногу. Ја споделувам радоста на семејствата кои наскоро ќе можат повторно да ги прегрнат своите најблиски, наведе Фон дер Лајен во пораката.

Таа во исто време го повика „терористичкиот Хамас“ веднаш да ги ослободи сите заложници и да им дозволи безбедно да се вратат дома.

Фон дер Лајен додаде и дека Европската комисија ќе направи се што е во нејзина моќ за да ја искористи договорената пауза во непријателствата за да достави хуманитарна помош во Газа.

– Побарав од комесарот (за управување со кризи) Јанез Ленарчич да ги зголеми дополнителните пратки за Газа што е можно побрзо, за да се ублажи хуманитарната криза, додаде Фон дер Лајен во пораката.

Постигнатиот договор за ослободување на заложниците од Газа и за пауза во конфликтот, во објави на платформата Икс го поздравија и високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел и еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји.

– По седум недели страдање тие, конечно, ќе бидат повторно со нивните семејства. Повикуваме на итно ослободување на сите заложници, наведе Борел.

Според него, договорената „хуманитарна пауза“ мора да се искористи за да се обезбеди колку што е можно повеќе помош за цивилите кои „се соочуваат со разорната војна во Газа“.

– ЕУ ќе го направи својот дел во обезбедувањето помош, додава Борел во објавата.

Вархеји, пак, оцени дека постигнатиот договор носи голема надеж за семејствата на заложниците.

– Сите заложници мора веднаш да бидат ослободени, наведе Вархеји во објавата на Икс.

Согласно постигнатиот договор, што синоќа го одобри израелската Влада, се предвидува ослободување на најмалку 50 заложници – жени и деца – во текот на четири дена, за кој период ќе има пауза во борбите. Според израелската Влада, ослободувањето на секои дополнителни 10 заложници ќе резултира со по уште еден ден пауза во конфликтот.

Дополнително, согласно договореното, од израелските затвори во првата фаза ќе бидат ослободени 150 палестински затвореници.

 

 

 

 

МИА

актуелно Договор ЕУ киднапирани конфликт поздрав Хамас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.