ЕУ и Јапонија го потврдија стратешкото партнерство

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, се состанаа денеска по пат на видео конференција со премиерот на Јапонија, Јошихидо Суг.

На 27 самит Европската унија и Јапонија беше основана „Зелена алијанса“, првата таква билатерална иницијатива меѓу Унијата и партнерските земји, чија цел е забрзување на акциите за борба против климатските промени.

Лидерите на ЕУ и Јапонија во заедничките изјави се обврзаа на продолжување на блиското и сеопфатно партнерство, засновано на заедничките интереси и вредностите на слобода, почитување на човековите права, демократија, владеењето на законите и слободната и чесна трговија.

Нагласено е и заедничко инсистирање на мултилатеризмот и меѓународниот правен поредок.

„Европската унија ќе продолжи да ги поддржува напорите во борбата против пандемијата, вклучувајќи и извоз на вакцини. Знакот на солидарност и знакот на пријателство со Јапонија се факти заради што досега Унијата одобри повеќе од 100 милиони дози за извоз во пријателската држава. Тоа е речиси доволно за вакцинација на 40 проценти од популацијата“, рече Фон дер Лајен.

На полето на меѓународните односи, Европската унија и Јапонија ја повторија поддршката за мир и безбедност на Корејскиот полуостров и зачувување на Иранскиот нуклеарен договор.

Најавена е блиска „консултација и координација“ околу прашањата за Авганистан, Белорусија, Мјанмар, Украина, блискоисточниот мировен процес и Сирија и Либија, како и „размена на мислења“ околу односите со Кина и Русија.