Европската унија побара од руските власти да ги ослободат опозицискиот водач Алексеј Навални и околу 1.600 негови приврзаници кои беа уапсени при вчерашните протести.
Навални организираше протести во 90-ина руски градови, во пресрет на утрешната четврта инаугурација на Владимир Путин за претседател на Русија.
Портпаролката на Европската унија Маја Коцијанчиќ изјавси дека апсењето на демонстрантите, меѓу кои има и новинари, претставува нарушување на слободата на изразувањето.
„И покрај тоа што некои од демонстрантите немале дозвола да бидат на локацијата каде што се собрале, тоа не може да ја оправда бруталноста на полицијата и масовните апсења, изјави Коцијанчиќ.
Најсериозни беа судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Москва и Санкт Петерсбург, каде се уапсени околу 500 лица.







