ЕУ ја испорача последната серија медицински материјали во земјата за поддршка на борбата против КОВИД-19

Со испорака на 20 монитори за пациентите на интензивна нега, 20 сензорни пулсни оксиметри и 25.000 тестови за КОВИД-19 до Министерството за здравство, Европската Унија ја заокружи испораката на поддршка во вредност од 4 милиони евра за набавка на итна медицинска опрема и залихи.

– Во последните два месеци и откако беше направена првата испорака на крајот на април, ЕУ покажа солидарност со Северна Македонија и нејзините граѓани со доставување на повеќе од 1 милион единици витална медицинска опрема и производи за лична заштита за зајакнување на капацитетот на здравствениот систем за борба против КОВИД-19. Оваа поддршка на ЕУ беше спроведена во соработка со Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (УНОПС) и беше координирана со Секретаријатот за европски прашања како главен координатор на земјата за меѓународна помош, информираат од Делегацијата на Европската Унија.

Приорет на медицинските материјали се спроведуваше во согласност со потребите на здравствениот систем и беше координирана со Владата на Северна Македонија и Министерството за здравство. Во овие два месеци, ЕУ испорача 25 уреди за механичка вентилација (респиратори), 20 монитори за интензивна нега, 40.000 единици различна медицинска опрема како што се маски за кислород, филтри, катетери и други материјали за здравствениот систем. Лична заштитна опрема како што се 30.000 маски за лице, 100.000 хируршки маски, 750.000 ракавици, 20.000 заштитни очила, 100,000 заштитни капи, 50,000 наметки, 16,000 скафандери, реагенси и сонди доволни за 25,000 тестови на КОВИД-19 и големи количини на средства за дезинфекција и други основни материјали за лична заштита беа набавени и доставени до медицинските работници низ целата земја.

Оваа помош, заедно со иницијативите за индивидуална помош од земјитечленки на ЕУ, ја сочинува најзначајната меѓународна поддршка што земјата ја доби во борбата против ефектите предизвикани од пандемијата.

Понатаму, Европската Унија исто така стави на располагање над 220 милиони евра како директна поддршка и заеми за да го ублажи влијанието и за справување со економските предизвици предизвикани од пандемијата КОВИД-19. ЕУ ќе продолжи да се залага за Северна Македонија и нејзините граѓани. Заедно ќе ја надминеме оваа криза и ќе се опоравиме.