ЖЕЛЕЗНИЧКА НЕСРЕЌА ВО ЧИКАГО: Воз се судри со машина за чистење снег, десетици повредени

LinkSense.mk

Патнички воз вчера се судри со машина за чистење снег во близина на Чикаго, при што беа повредени десетици луѓе.

Во несреќата со повреди се здобиле 38 лица, главно патници, информираа од Итната помош на прес-конференција.

„23 лица се пренесени во болници, две или три се тешко повредени, но никој не е животно загрозен“, им изјави на новинарите Кит Греј, претставникот на итната служба.

Несреќата се случила околу 10.30 часот по локално време.

Возот кој се движел со нормална брзина, според првите елементи од истрагата, се судрил со машина за чистење снег која била на истата пруга.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)