Досегашната претседателка на претставничкиот клуб на Социјалдемократската партија на германија (СДП), Андреа Нахлес, денеска на вонредниот партиски конгрес во Висбаден е избрана за новаа претседателка на партијата.
Нахлес доби 66,35 отсо од гласовите на делегатите, за прва претседателка на најстарата германска политичка партија, малцински партнер во актуелната демохристојанска-социјалдемократска влада на Ангела Меркел.
Слабиот процент на добиени гласови се поврзува со внатрешните превирања кои веќе со месеци ги тресат германските социјалдемократи.
Андреа Нахлес најави сеопфатни реформи кои, како што истакна, треба да ја вратат СДП на старите позиции.
Противкандидат на 47-годишната Нахлес и беше Симоне Ланге, релативно непознатата социјалдемократка од покраината Шлесвиг-Холстеин. Таа веднаш после изборот и честиташе на новата претседателка и и посака многу среќа и истрајност во процесот на обнова на партијата.







