Жесток руски напад на џихадистите во Сирија

Воени авиони од руските воздухопловни сили извршија низ воздушни напади на различни делови во северозападниот сириски регион Идлиб.

Според неколку извори, руските авиони стрелале на позиции на милитантите во близина на градот Тардин на северот на Латакија, како и во близина на градот Кнадах во западниот дел на Идлиб.

Неколку часа пред воздушниот напад, Сириската арапска војска со противтенковска наведувана ракета погоди воено возило во близина на градот Бидам, во западел Идлиб. Во нападот, двајца милитанти биле убиени, а еден е ранет.

Минатиот месец, Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), Хорас ал-Дин и Ансар ал-Тавхид, поврзани со Ал-Каеда, собраа големи ударни сили во јужен и западен Идлиб за да покренат офанзива од големи размери. Повеќе од 300 милитанти беа распоредени во близина на местото Кнадах.

ХТС и неговите сојузници и понатаму му пркосат на прекинот на огнот во Идлиб, за кој што посредуваа Русија и Турција на 5 март минатата година.

Повеќе од една година после спогодбата за прекин на огнот, ситуацијата во Идлиб сеуште не е стабилна. Меѓутоа, шансите за голема воена конфронтација и понатаму се мали.

(Фото: ЕПА)