Жириновски за хаосот во Кабул: Авганистан е срцето на Азија, дојде до срцев удар

Ако е Авганистан срцето на Азија по својата географска положба, тогаш се случи срцев удар, смета лидерот на ЛДПР, Владимир Жириновски.

Американските ‘кардиолози’ ја покажаа својата недоследност. Сега ‘болеста’ се заканува со пуштање на тероризам во цела Централна Азија. ИСИС е веќе активен во северниот дел на Авганистан, а ова ги охрабрува кинеските Ујгури. Тензиите растат на границите со Таџикистан, Туркменистан, Узбекистан и Киргистан“, напиша Жириновски на Телеграм.

Минатиот четврток во две експлозии во близина на аеродромот во Кабул загинаа околу 200 лица, вклучувајќи и американски војници, припадници на движењето „Талибан“ и цивили. Одговорноста за нападот ја презеде ИСИС.

На почетокот на август Талибанците ја засилија офанзивата против владините сили во Авганистан. На 15 август влегоа во главниот град и ја презедоа контролата над претседателската палата, а на 16 август објавија дека војната е завршена и дека државното уредување ќе биде одредено во блиска иднина. Единствена покраина која не е под нивна контрола е Панџшир, североисточно од Кабул.

Соединетите Американски Држави на 30 август пред полноќ ја завршија евакуацијата на цивили од Кабул, а со тоа и целосното повлекување од Авганистан.