Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Ако дојде Мицкоски на власт ќе го поништи Преспанскиот договор, но нема да дојде
Политика

Заев: Ако дојде Мицкоски на власт ќе го поништи Преспанскиот договор, но нема да дојде

декември 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Да господинот Мицкоски ако дојде на власт ќе го поништи Договор и со Грција, односно Преспанскиот договор и ќе го поништи Договорот со Бугарија. Но затоа нема да дојде на власт и тоа не е возможно“, рече премиерот Зоран Заев коментирајќи ја изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека доколку неговата партија обезбеди 80 пратеници во Собранието ќе пристапи кон менување на Преспанскиот договор и враќање на старото уставно име.

„Ова не се работи за кои што треба да се шегуваме. Навистина работите се сериозни колку што беше тешко и беше потребна неопходна храброст да се донесат сите тие одлуки. Со иста тежина, храброст, одлучност и одговорност треба да се пристапува и кон иднината на овие прашања“, рече Заев во одговор на новинарско прашање по денешното потпишување на Договор за државна помош со бугарската софтверска компанија „Скејл Фокус“.

Додаде дека не се сомнева оти ВМРО – ДПМНЕ ако дојде на власт ќе направат се за да го поништат Договорот, но истовремено чесно треба да им кажат на граѓаните дека тоа ќе не врати надвор од ЕУ и од НАТО, дека ќе не скара повторно со соседите и ќе има рефлексии врз економијата и врз целиот регион.

„Го гледам (Мицкоски) во сите интервјуа вели јас се нарекувам Македонец, зборувам македонски јазик и ќе ја нарекувам државата Македонија. Јас како Зоран Заев исто така ја нарекувам државата Македонија, сум Македонец и зборувам македонски јазик, но како претседател на Владата согласно Уставот и согласно законите ја нарекувам државата Република Северна Македонија, а јас сум Македонец кој зборува македонски јазик. Ако не дај Боже еден претседател на Влада, кој и да е, не го употребува уставното име на државата – Република Северна Македонија треба да знае што следува и тој, а треба да знаат и граѓаните“, истакна Заев.

Тоа, како што нагласи премиерот, значи нова горчина преку ново вето, кое веднаш ќе ни се испорача и ќе бидеме повторно блокирани и ќе чекаме 15 години како кандидати за повторно некој да дојде и да ги врати работите во нормала.

Посочи дека треба да кажат тоа што го најавуваат што ќе предизвика и како ќе гарантираат членство во НАТО и во ЕУ со вакви ставови.

„Јас мислам дека и една најмалата политичка партија во државата да биде избрана недозволиво е вака да се постави. Недозволиво е колку и да се биде алчен за власт, да се има желба за победа, за повеќе гласови и слично. Се работи за граѓаните и за нашата држава. Ние ги исполнивме двете стратешки цели, еве сме членка во НАТО, а верувам брзо и ќе почнеме преговори со ЕУ“, рече премиерот.

Овие наши стратешки цели, како што истакна, носат економија, инвестиции и градат пријателство.

„Пријателството што го изградивме верувам дека меѓу другото придонело многу други компании да инвестираат. По Договорот со Бугарија имаме неколку инвестиции од бугарски компании во металуршката, рударската, преработувачката,… сите тие се со таргет на отворање на повеќе од 3.000 места и затоа е многу важно да бидеме сериозни во политиката“, истакна Заев.

актуелно власт Заев мицкоски преспански договор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.