Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Би заменил и две Нобелови награди за датум за преговори со ЕУ
Македонија

Заев: Би заменил и две Нобелови награди за датум за преговори со ЕУ

јуни 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев во интервју за белгискиот весник „Ле Соар“, уште еднаш ги повика земјите членки на ЕУ да преземат одговорност и да испорачаат датум за преговори со Северна Македонија.

Во разговорот, премиерот Заев објаснува дека во случај да не се додели датумот за преговори, тој ќе биде обвинет дека ги излажал пратениците дека гласањето за Преспанскиот договор значи отворање на вратите на ЕУ.

„Кажав дека ако го смениме името, ако одржуваме добри односи со Грција, со Бугарија, дека ако се прават сите реформи, Европа ќе си ги исполни ветувањата. Ако тоа не биде случај, нормално е да се преземе одговорност, нема да чекам опозицијата или Собранието да направи нешто, ќе преземам одговорност и ќе го вратам мојот мандат, вели Заев во интервјуто за „Ле Соар“.

Тој предупредува дека во контекст на неиспорачување од европска страна, граѓаните би можеле да се свртат кон националистичките струи во земјата.

„Ризикот е враќањето на национализмот и радикализмот во нашата земја.

Поминавме низ овој ризик во последните единаесет години. Имавме „хибриден“ режим кој ги уништи сите демократски права и слободи, сите основи на нормална земја, и ризикот е да се вратиме во тоа време, одговара премиерот.

На прашање зошто Европската Унија би требала да се грижи за тоа и дека би можела да и одговори на Македонија дека е тоа нејзин внатрешен проблем, премиерот вели дека ЕУ и Северна Македонија се поврзани како на лично така и на економско ниво и дека станува збор за заеднички интерес.

Тој ја смирува европската јавност дека одлуката за преговори не значи и пристапување во ЕУ веднаш.

„Немаме намера да станеме земја членка веднаш, но мораме да го продолжиме процесот на интеграција во ЕУ. По петнаесет години блокада, доделување датум за преговори за никого не е драматично! Тоа значи дека ја прифаќаме обврската да го прилагодиме нашето законодавство, да ги подготвиме институциите и земјата, за одлука за членство можеби во 2025-та, или 2030-та, никој не знае. Ние сме партнери и станува збор за заеднички интерес, вели премиерот на Северна Македонија.

Запрашан дали верува дека навистина би можел да добие Нобелова награда за мир заедно со грчкиот премиер Алексис Ципрас откако беа предложени по усвојувањето на Преспанскиот договор, Заев вели дека датум за преговори му е поважен.

„Би заменил и две Нобелови награди за таа одлука на Европскиот Совет, за мене е огромна чест што сум номиниран, ние сме мала земја, но нашата награда е потврдата на нашата работа, и единствената потврда која значи во овој момент е одлуката на Европскиот Совет. Тоа е најдобрата награда.

Ако добијам Нобелова, ќе му ја дадам на Европскиот Совет, вели низ шега Зоран Заев.

Околу дилемите за доделување на датум за преговори во пакет со Албанија, и ризикот тоа да значи одлагање за двете земји, Заев порачува дека по петнаесет години блокада од страна на земја членка на ЕУ, би било многу неправедно Македонија сега да биде блокирана поради земја која не е ни членка на Унијата.

„Свесен сум за проблемите во Албанија, нашиот сосед кого го поддржуваме и кој нѐ поддржува, добро е заедно да одиме напред, ќе се поддржуваме за време на преговорите, но доколку тоа не е возможно, тогаш е подобро една земја да оди напред, најлошо би било двете земји да се блокирани, тоа би била лоша порака и за земјите кои се обидуваат да го продолжат процесот на стабилизација и асоцијација со ЕУ како Босна и Косово и би ги обесхрабрило и Србија и Црна Гора кои веќе преговараат за членство, одговара премиерот Заев.

актуелно ЕУ Заев нобелови нагрдаи преговори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.