Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Ги имаме сите предуслови за позитивна одлука за почеток на преговорите со ЕУ
Македонија

Заев: Ги имаме сите предуслови за позитивна одлука за почеток на преговорите со ЕУ

мај 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Меркел и Макрон ја гледаат земјава како Република Северна Македонија, а не како Западен Балкан. На конференцијата на шефови на држави и влади во Берлин бевме пример што блеска, а германската канцеларка и францускиот претседател препорачаа да им помогнеме на другите, да го споделиме нашето искуство околу тоа како се успева во преговарачки процес. Секој од учесниците ја почнуваше и завршуваше дискусијата со Преспанскиот договор, рече денеска премиерот Зоран Заев, одговорајќи на новинарски прашања по редовната седница на Економско-социјалниот совет во Владата.

Заев уште еднаш повтори дека очекува позитивна одлука за почеток на преговорите ова лето, во јуни или јули, особено зашто сите четири услови кои биле од нас побарани, се веќе спроведени. Сепак, како што истакна, освен Преспанскиот договор и реформите, треба да се постигне уште дијалог и консензус во Собранието за носењето на законот за јавно обвнителство.

„Остана уште законот за јавното обвинителство кој верувам дека ќе го изгласаме веднаш по завршувањето на претседателските избори. Другите услови ги исполнивме, подвлече премиерот.

Од Берлин, како што напомена, се вратил со уште поголем оптимизам бидејќи и оние земји кои биле резервирани, го охрабриле. Тие, според премиерот, ќе си го кажат своето кога ќе дојде време.

„Четирите таргети што ни ги поставија, борбата против корупцијата и организираниот криминал,  реформите во правосудството, безбедносните структури и јавната администрација, се исполнети. Затоа сметам дека ги имаме сите предуслови да очекуваме позитивна одлука за добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Најмалку што заслужуваме е позитивната одлука за добивање датум за преговори. Ако ние испорачавме и ЕУ е должна да испорача, потенцира Заев.

Дополнувајќи дека во Берлин имал билатерална средба со Меркел, а се видел и со Макрон, уште еднаш рече дека во фокусот на конференцијата било решавањето на спорот меѓу Србија и Косово.

„Ги споделив пријателски сите мои искуства од разговорите за да помогнам, зашто и ова прашање е од помош за Северна Македонија, за Западен Балкан и за Европа. Верувам дека како добар поример, со толку суперлативи, кога секој почнуваше и завршуваше дискусија со Преспанскиот договор, со примерот на Северна Македонија, со тоа што се случува овде, со отворениот дијалог меѓу власта и опозцијата, со правосудните и сите правни реформи што се напарвени за што посериозна имплементација, најмалку што заслужуваме е позитивната одлука за добивање датум за преговори, додаде Заев.

актуелно Заев позитивна одлука предуслови
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.