Заев ги одложува оставките на неодредено време

LinkSense.mk

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија едногласно донесе одлука претседателот на партијата, во исто време и премиер на државата, Зоран Заев, да ја одложи оставката на неодредено време.

Ова вчеравечер го соопшти Перо Костадинов, член на Извршниот одбор на партијата, по завршувањето на седниците на највисоките органи на СДСМ.

Сакам да ве информирам дека беше отворена плодна и демократска дискусија во која што членовите на Централниот одбор имајќи ги предвид пред се случувањата во државата и моментумот во којшто се наоѓа Северна Македонија во овој период, којшто е многу клучен за процесите коишто понатаму треба да следуваат, едногласно донесе одлука Зоран Заев да ја одложи ставката на одредено време додека овие процеси не се нормализираат, изјави Костадинов.

Не треба да потенцирам дека државата по многу години режим, продолжува и се гради на европските вредности, на вистинските слободарски вредности. Ова е слободна земја во којашто принципите на единството, принципите на соживотот се клучна наша водилка и затоа СДСМ се исправува на висина на таа задача и наредниот период ќе работи исклучиво во интересите на граѓаните и на можноста којашто е исправена пред нас, државата да западне во нова криза и да биде ставена во некој ретроградни процеси, додаде Костадинов.