Заев го честита изборот на Бајден: Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи со САД

Премиерот Зоран Заев го честиташе изборот на Џо Бајден за 46. претседател на САД.

„Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла!“, напиша премиерот Заев на својот Фејсбук
профил.