Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Нема одложување на изборите, СДСМ сака една изборна единица
Македонија

Заев: Нема одложување на изборите, СДСМ сака една изборна единица

ноември 25, 2019Updated:ноември 25, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Премиерот Зоран Заев смета дека нема да има одложување на изборите и очекува да го види законското решение во врска со промена на изборниот модел кое што е во подготовка во Парламентот. Ако процесите за тоа продолжат во Парламентот СДСМ, рече, не би гласале спротивно на нивното изборно ветување за една изборна единица.

„Јас мислам дека нема никакви причини за одлагање на изборите. Впрочем претседателот на ДИК рече дека се подготвени ако треба да се менува изборниот модел, но на крајот на денот тоа зависи од највисоката институција во парламентарната демократија тоа е Парламентот. Јас сум информиран дека е преточено едно законско решение кое што е надвор од информираноста на Министерството за правда, сакаме да го видиме тоа законско решение. Но уште еднаш само ќе напоменам, СДСМ има изборно ветување во 2016 година за една изборна единица. После тоа некаде пред неполна година беше отворена дебатата за отворени листи. Ние повторно се собравме донесовме политичка одлука дека сме и за отворени листи. Во такви околности ако дојде до гласање ваквото законско решение ние ќе го поддржиме заради тоа што е наше ветување  дадено на граѓаните. Се надевам дека тоа ќе биде по пат на консензус и со ВМРО-ДПМНЕ и со ДУИ, но гледам дека не се одѕваа на поканите на малите партии да дојдат и дискутираат, рече Заев на новинарско прашање по потпишувањето Меморандум за соработка со швајцарската амбасадорка за проект за поддршка на изборите реформи.

Според него, партиите треба да дискутираат за иницијативата која што ја водат малите партии и тој и СДСМ ја поддржуваат иако знаат дека најмногу губи партијата која е прворангирана – СДСМ, па потоа второ рангираната ВМРО-ДПМНЕ па другите партии, но вели добива демократијата, добиваат помалите партии, добиваат етничките помалкубројни заедници во државата, што го оценува како исчекор во демократизацијата.

„Верувам дека има доволно време, има уште 4,5 месеци до изборите ако не се лажам. Сето тоа не значи никаков вид на промени во избирачки одбори, не значи никаков вид промени во поставеноста на избирачките регулативи во делот на спроведувањето на фер, демократски и ефикасни избори. Или ако има што било што влијание, секако ДИК ќе се изјасни како прв орган за оваа работа. Но во секој случај ако процесите продолжуваат во Парламентот со нивната постапка ние не би гласале спротивно на нашето изборно ветување односно би го потврдиле тоа што го ветивме на самите избори, рече Заев.

Тој напомена дека сите треба да дадат свој прилог и да имаат разбирање за помалите партии, но и за обврската кон државата.

„Демократизацијата е важна работа која нема кој друг да ја направи освен политичките репрезенти на државата во Парламентот, вели премиерот Заев.

актуелно Заев избори
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.