Заев, од чест, им се поклони на струмичани

Ќе освоиме двојно повеќе гласови овде во Струмица. Струмица е храбра и Струмица си ја сака Македонија. Но, не може да се има среќа ако се околу нас е несреќно. Ја поминав цела Македонија, но тука срцето игра како никаде на друго место, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот во Струмица.

Тој вети враќање на парите кон граѓаните, минимална плата од 16.000 денари, просечна плата 30.000 денари и социјална еднаквост, а на првата седница на Владата укинување на екстерното тестирање.

strumica-sdsm

„Ветив распуштање на судиите, ама чесните судии не треба да се плашат. Ќе имаме независно судство. Никогаш повеќе да не се случи невин човек да одговара. А, криминалците, тие ќе одговараат пред независно судство – рече Заев.

Заев вети и помалку часови за децата, практична настава и вработување на младите луѓе.

strumica-sdsm-2

„Почитувани млади луѓе, иднината ви припаѓа вам. Имате две опции. Едната е да го фатите белото знаме и да се предадете и да продолжите по бродови и странски земји и втората е, да го зграпчите црвеното знаме и да се борите гордо за вашата земја. Ве повикувам овде, до мене, да се бориме рамо до рамо за живот во наша Македонија“, истакна во своето обраќање пред струмичани Зоки, како што тие од милост го викаат.