Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: Подготвени сме да го имплементираме мислењето на Венецијаската комисија
Политика

Заев: Подготвени сме да го имплементираме мислењето на Венецијаската комисија

октомври 8, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Како институција сме подготвени да го имплементираме мислењето на експертите на Венецијаската комисија за Законот за јазиците“, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на фабриката за производство на електрични свичови за автомобили „Маркарт“ во велешкото село Каласлари.

Тој додаде дека се работи за драфт верзија на текстот.

„Сето тоа што го предлагаат е на нивото на европските пракси и сакаме да учиме од Венецијанската комисија. Рековме дека ја почитуваме Венецијанската комисија, која ќе го даде нејзиното конечно мислење, бидејќи досега како што коментираа, што е поважно дали владеењето на правото и очекувањето да се добие правда или употребата на јазикот. Можеме да дадеме објаснувања колку се важни правото на јазикот и на правда, за на крај да можеме да дадеме свое мислење и да можат тие да
го оформат своето мислење“, рече премиерот Заев.

На новинарско прашање за забелешката на пратеникот на ДУИ Артан Груби, кој коментира дека цената на мирот е неспоредлива со цената на имплементацијата на законот, односно дека со законот е купен мир, премиерот Заев посочи дека законот е човечко право што произлегува од правото на употреба на јазици и јазикот е средство за разбирање, за животот да ни биде полесен.

„Оттука и доаѓа буквално употребата на јазиците. Тоа е уставно право на граѓаните. Ништо не се сменило во нашата држава, а граѓаните имаат дополнително право да си го користат“, рече Заев.

Тој притоа посочи повеќе практични примери за употреба на јазикот, како при добивање на социјална помош и како тоа ќе послужи ако една стара возрасна жена знае само албански јазик или пак жена Ромка која живее во Шуто Оризари и не знае на друг начин да комуницира за да го оствари ова свое право.

„Дефинитивно треба да бидеме демократи да донесеме закон, а Венецијанската комисија ќе ни ги даде своите укажувања и конечно сме подготвени да го имплементираме. Бидејќи ако сакаме да влеземе во Европската Унија, треба да ги почитуваме европските институции“, истакна Заев и дополни дека во државата се е транспарентно и сите знаат како се одвиваат процесите.

Во врска со проблемите во инститициите и на менаџерите за непознавање на албанскиот јазик и дали планира Владата Македонците да научат албански, а Албанците македонски, премиерот Заев потенцира дека како Влада им стојат секојдневно на располагање на граѓаните да ги поддржат нивните потреби „не само да дадат тренинг за квалификувана работна рака, туку да поддржат се за да создадат подобри услови за работа и полесно граѓаните да најдат работно место“.

„Ние им стоеме на располагање на граѓаните. Знаењето на јазиците е богатство. Знаеме дека дома сите ги тераме децата да учат јазици затоа што ќе им се најдат во животот. Затоа, јас верувам дека колку знаеме повеќе јазици, толку ќе им помогнеме на децата во нивните планови во животот. Владата ќе поддржи се за полесно да се вработат граѓаните, а посебно младите“, потенцира премиерот Заев.

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во врска со Законот за јазиците изјави дека треба да се почека Венецијанската комисија да излезе со конечен извештај, по што ќе се види што од тоа може да одговара на нашиот политички контекст, а што е спротивно од нивните согледувања, спротивно од Рамковниот договор, спротивно од нашите погледи како треба да го развиваме нашето мултиетничко општество и мултиетничка држава.

Министерството за правда вчера посочи дека нема да го кометира мислењето на експертите на Венецијаската комисија за Законот за јазиците сè до неговото усвојување од комисијата кога станува официјално.

„Мислењето на експертите на Венецијаска комисија е класифицирано сè до неговото усвојување од Комисијата кога станува официјално. До неговото официјализирање нема да го коментираме, а штом ќе биде усвоено ќе го почнеме процесот на имплементирање на препораките содржани во него“, велат за МИА од Министерството за правда.

актуелно Венецијаска комисија Заев мислење
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.