„Подготовката за ребалансот на Буџетот за 2019 година е во финална фаза и ќе даде поддршка на капиталните проекти и за новите мерки за повисоки плати и за подобри услуги за граѓаните“, објави премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил по средбата со новата министерка за финансии, Нина Ангеловска, и заменичката, Ширет Елези.
„Драго ми е што се зголемува бројот на жени во Владата на Република Северна Македонија. Продолжуваме со поддршката на родовата еднаквост и јакнење на влијанието на жените врз политичките случувања во државава. Министерката Нина Ангеловска и заменичката Ширет Елези ја имаат мојата целосна поддршка да управуваат со државната каса следејќи го интересот на граѓаните“, напиша премиерот Заев.







