Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, на покана на Комисијата за европски прашања во Собранието на Република Македонија, денеска се обрати пред пратениците и дипломатскиот кор во нашата земја.
На почетокот на своето обраќање премиерот Заев изрази благодарност за работата и соработката на Делегацијата на ЕУ во Скопје и на амбасадорот Самуел Жбогар, во заедничките проекти на патот на нашата земја кон Европската унија.
Заев истакна дека се израдувале на препораката од Европската комисија, но дека истовремено ја продолжуваат „европската динамика“.
Премиерот вели дека во Владата се подготвувал планот „18“, а ќе се работи со сите политички партии.
„По донесувањето на одлуките за преговори во јуни, ќе ги подготвиме и преговарачите. Со овој чекор, ќе демонстрираме сериозност. Овде ќе ни требаат најдобрите луѓе од институциите.
„Треба да имаме предвид дека членството во ЕУ ќе ги отвори најголемите теми, како реформите во судството, владеење на правото, човекови права и така натаму.
„Реформиран државен систем ќе ни помогне да станеме до европските политички системи. Ги засукаваме ракавите, не чека полни раце работа“, рече Заев.
Ова е најпозитивен Извештај за Република Македонија во последните неколку години.
Извештајот реално ги отсликува и напредокот, но и проблемите.
Извештајот е признание за нашите заеднички досегашни напори.
Прославивме, се израдувавме.
Ова признание сега треба и мора да ни биде поттик да работиме и повеќе, и уште подобро, за да ја постигнеме следната, очекувана, посакувана, конкретна цел – датум за почеток на преговорите на Република Македонија за членство со ЕУ, рече Премиерот Заев во своето обраќање.







