Заев – Сарацин: Поддршка за успешен референдум, да се искористат шансите за ЕУ и НАТО

LinkSense.mk

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, се сретна со Мануел Сарацин, пратеник во германскиот Бундестаг.

На средбата е изразена поддршка за успешен референдум. Германскиот пратеник, Сарацин, оценил дека ова е најдобрата година што можеше да и се случи на Македонија, кога се отворени шансите за членство на Република Македонија во Европската унија и во НАТО. Заеднички било констатирано дека сите политички субјекти и граѓани во државата  треба да покажат одговорност, за остварување на овие стратешки државни цели.

Премиерот Заев изразил очекување дека референдумот ќе биде успешен.

„ЕУ и НАТО се мнозинска волја на граѓаните на Република Македонија, кои очекуваат европски живот и интеграција во најголемите сојузи во светот. Очекувам таа мнозинска волја да се одрази и на референдумското гласање. Македонија нема друга алтернатива освен интеграциите во НАТО и ЕУ.  Повикуваме и ќе повикуваме сите да покажат одговорност и да се изјаснат на референдумот, затоа што во прашање е иднината на државата, рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев и германскиот пратеник Сарацин, кој доаѓа од партијата на Зелените, зборувале и за отворените можности за интензивна економска соработка со Германија, како и за развојот на „зелената агенда“,  во полза на здрава и чиста животна средина во Македонија, според европски стандарди.