Заев се сретна со амбасадорката на Турција

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, се сретна со амбасадорката на Турција во Македонија, Еркал Кара.

Заев ја информирал амбасадорката Кара за текот на процесите за формирање нова Влада во Македонија.

Лидерот на социјалдемократите рекол дека над 612.000 граѓани од сите етнички заедници гласале за промени и за развој на Македонија во духот на европските демократски вредности заради што очекувал дека во брзо време ќе го добие мандатот и дека ќе ја формираме новата влада на граѓаните на Македонија.

На средбата нагласено било дека мнозинската поддршка од граѓаните на концептот за заедништво, е голема придобивка за иднината на Македонија.