Заев: Ќе успеам да формирам Влада

Лидерот на СДСМ Зоран Заев по добивањето на мандатот за составување влада, изјави дека е сигурен оти во уставно предвидениот рок ќе успее да го формира новиот владин тим.

Прашан што ќе се случи ако за 20 дена не успее да состави влада, дали ќе го врати мандатот и дали ќе има нови избори, Заев истакна дека тоа прашање е регулирано со уставот, посочувајќи на ситуацијата со составувањето влада во 2016 година.

– Имавме ситуација во 2016, мандатот му беше доверен на Никола Груесвки и не успеа за 20 дена да формира влада. Уставот е јасен дека рокот истекува и мандатот се враќа. Тогаш мандатот го добив јас и второрангираната коалиција со два пратеника помалку од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Јас успеав да формирам влада.

Разликата е во тоа што сега јас ќе успеам да формирам Влада, итакна Заев.