Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ
  • УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен
  • АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите
  • Левица: ДПМНЕ неуспешно се обидува да не замолкне за „Плавица
  • Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи
  • Анализите од примероци вода за пиење во Скопје ги исполнуваат пропишаните стандарди за безбедност и квалитет
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев: 30 септември е ден за избор, не за седење дома, ден за пишување историја
Македонија

Заев: 30 септември е ден за избор, не за седење дома, ден за пишување историја

септември 16, 2018Updated:септември 16, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Блиску сме до остварување на сонот. Ни остана само уште последната делница од патот. Уште едно патување: Нашето заедничко патување до остварување на сонот за европска Македонија“, истакна премиерот Заев на централниот настан на кампањата на Коалицијата “Заедно за европска Македонија” во Скопје.

Во својот говор тој потенцираше дека членството во НАТО е нашата сигурна иднина, иднина на безбедност, стабилност и мир. Членство  во сојуз за иднина во која никој не може да ги загрози границите на Македонија, рече Заев, и додаде:

„Патриотизам е да ја осигураме иднината на нашата земја и нашите деца, Tука создаваме можности за нашите синови и ќерки – во Македонија. Тоа e патриотизам. Патриотски е да се осигураме дека нашата следната генерација има иднина тука, дома“!

За таквата иднина е постигнат договорот со Грција, рече премиерот Заев, и нагласи дека во таа иднина, како и досега, се потврдува дека влегуваме во НАТО и ЕУ како Македонци и Македонки кои зборуваат македонски јазик.

„Гордата македонска земја се здоби со целосно признавање на нашиот народ, нашиот јазик, нашето наследство. Нашиот јазик е заштитен. Нашиот идентитет е обезбеден засекогаш. Во четвртокот, одржав говор во Европскиот парламент.Одржав говор во срцето на Европската Унија на македонски јазик. На нашиот македонски јазик, кој ќе биде официјален јазик на Европската унија“, потенцираше премиерот Заев.

Тој порача дека сега е време сите да излеземе да гласаме и дека нема друг да ни ја заврши работата. Граѓаните се архитекти – градители на македонската иднина – секој граѓанин на 30 септември да стави по една тула во иднината на европска македонија!

„Нема коцкање со нашата иднина! Никој не може да си дозволи да остане настрана. Затоа ве повикувам: Сите имаме јасна и конкретна, граѓанска и родителска должност. Македонија ќе оди напред само доколку и јас, и вие, и вашите најблиски, комшии, пријатели – сите заедно, да излеземе и гласаме на 30-ти септември“, рече премиерот Заев и додаде дека нашата земја и нашата иднина не се на ВМРО или на СДСМ, и дека таа и нејзината иднина им припаѓаат на сите нејзини граѓани!

Премиерот Заев им порача на сите граѓани, на Македонците, Албанците, Србите, Бошњаците, Ромите и Власите, и на сите други:

„Да го направиме 30 септември свечен ден. Облечете ги вашите најубави облеки, ставете ја вашата најубава насмевка, во едната рака земете го вашиот најмил или најмила, а во другата – иднината. Такви убави, најубави, излезете на вашето референдумско место и гласајте горди за нашата земја, за вашата и за иднината на вашите деца и идните генерации. Секој ваш глас е битен“, нагласи Заев на централниот настан на кампањата на Коалицијата “Заедно за европска Македонија” во Скопје.

Во својот говор тој се обрати и до опозицијата и повика да бидат закопани политичките и индивидуалните суети, и да повикаат да се излезе и да се гласа за европска Македонија.

Во завршницата на својот говор премиерот Заев дека да се излезе на референдумското место на 30 септември е избор за семејство на ЕУ и НАТО или избор за изолација и целосна неизвесност. За небиднина!

„Тоа е избор за сигурност и безбедноста, или избор за немир и нестабилноста.Тоа е избор за раст на економијата или за стагнација. Тоа е избор за исполнување на нашиот сон од иднината – иднината за нашите деца, внуци и за сите идни генерации. Гласот на 30 септември е глас за иднината на наша Македонија“, порача премиерот Заев.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, ги повика сите на 30-ти септември да им подариме на генерациите по нас достоинствена татковина, татковина која нема проблем ниту со историјата, ниту со географијата, татковина која е заедничка и рамноправна за сите.

„Мојот избор одамна е, гласам ЗА европска Македонија за држава во која ќе можеме Европски да живееме, а не да тежнееме да одиме во Европа,  рече Џафери.

Ако во оваа наша заедничка држава, продолжи тој, уште од независноста, во различни периоди имало прашања што не делеле или пак сме имале различни ставови, членството во НАТО и ЕУ, ќе биде кохезијата, не само меѓуетничката туку и меѓупартиската, меѓуопштествената и меѓуверската кохезија за заедничка перспектива.

„Нашата земја заслужува да ги доживее ефектите што ги носи евроинтеграцискиот процес, додека сите ние заедно, заслужуваме да бидеме сопатници во овој процес. Бројни се причините што ме тераат да мислам вака, но ќе спомнам само три од нив: Прво – само во држава што е членка на ЕУ и НАТО се негуваат цивилизациските вредности на културниот, етничкиот и верскиот соживот. Второ – само во држава што е членка на ЕУ и НАТО, никој не смее да го оспори етничкиот, јазичниот и верскиот идентитет. Трето – само во држава што е членка на ЕУ и НАТО, сите тешкотии се надминуваат преку колективната солидарност, рече Џафери.

Длабоко сум убеден, нагласи Џафери, дека ние ќе бидеме уште посреќни по 30-ти септември, а часовникот на историјата ќе тропне и на совеста на оние што без некоја рационална причина се двоумат да кажат Да на евроинтеграциските процеси на земјата.

Новинарот Томислав Кежаровски, кажа дека е време да се свртиме кон иднината, оти Македонија треба и мора да иде напред.

„На 30 септември јас ќе заокружам за, за промена кон подобро. Јас ќе заокружам за, за држава каква што заслужуваме. Знам дека на 1 октомври нема да е мед и млеко, ама сепак сигурен сум дека нема да е она што беше наназад 27 години, особено не како што беше во годините на владеењето не на ВМРО ДПМНЕ, туку на фамилијата”, порача Кежаровски“.

Во Скопје попладнево се одржа Марш за европска Македонија, кој почна е од пред зградата на Црвениот крст во Скопје, а заврши пред зградата на Делегацијата на ЕУ.

актуелно ЕУ Заев македонија Марш НАТО референдум
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Брвеница ќе има и втор круг помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ

октомври 19, 2026

УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија, најстудено е во Берово со само еден степен

октомври 19, 2026

АХВ продолжува со засилени контроли на пазарите

октомври 19, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.