Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заев:200 милиони евра годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој во новиот мандат
Македонија

Заев:200 милиони евра годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој во новиот мандат

јули 1, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

– Три години СДСМ преку владата што ја предводи покажува што значи вистинска грижа за земјоделците. Со одговорни и чесни политики, го вративме достоинството на нашиот земјоделец, го цениме и вреднуваме неговиот труд. За само три години финансиската поддршка во земјоделството стигна до рекорден износ од 430 милиони евра и стигнува до вистинските индивидуални земјоделци, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Тој додаде дека субвенциите се зголемени и оти нивната исплата денес е неселективна, редовна и, како што рече, што е најважно навремена, а земјоделците парите ги добиваат тогаш кога им се најпотребни.

-За производството на тутун по кое е позната општина Кривогаштани, но и целиот Прилепски регион обезбедивме зголемување на субвенциите и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета,четврта и дополнителните класи. Тоа значи повеќе пари кај земјоделците кои ја одгледуваат оваа култура, но и мотив да одгледуваат поквалитетни класи на тутун. Оваа година земјоделците вкупно кои произведуваа тутун инкасираа во своите семејни буџети повеќе од 125 милиони евра, рече тој.

Претседателот на СДСМ вели дека заложбата на оваа партија во следните четири години е јасна – поддршка кон тутунопроизводителите, но и кон сите земјоделци, градинари и сточари да продолжи да расте уште повеќе.

-Обезбедуваме годишна финансиска поддршка за земјоделството и руралниот развој од 200 милиони евра.

Воведуваме целосно субвенционирање на „зелената нафта“ за нашите земјоделци. За да обезбедиме сигурен пласман градиме три нови откупнодистрибутивни центри во државата. Поддршката кон младите земјоделци, кон жените земјоделки продолжува уште повеќе и уште подобро. Обезбедуваме и субвенционирање на платите од 3.000 денари на нововработени работници во земјоделско стопанство помлади од 25 години.

Важно ни е земјоделството, важни ни се земјоделците, затоа, грижата за нив во следните четири години продолжува уште повеќе, истакна заев во Кривогаштани.

Убедени сме, вели тој, дека земјоделците гледаат кој навистина се грижи за нив, а кој 11 години како власт и три години како опозиција ги манипулира и го погазува нивниот труд. Затоа е уверен дека на 15 јули земјоделците ќе изберат повисоки субвенции, сигурен пласман и повеќе пари во своите буџети и нема да дозволат повторно ВМРО-ДПМНЕ да гази врз нивниот труд.

актуелно Заев земјоделство поддршка финансиска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.