Заедно со Бугарија ќе ги чествуваме Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил

LinkSense.mk

На предлог на Министерството за надворешни работи, Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за првиот состанок на меѓувладината комисија меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија од 10 јуни годинава, основана врз основа на член 12 од Договорот за пријателство, добрососедсвтво и соработка.

Министрите беа информирани дека двете страни го разгледале Годишниот извештај на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања и предлозите до владите кои се содржани во него, биле разменети оценки за досегашната работа на комисијата и постигнатиот напредок во делот на античката историја се донесени следните одлуки:

Прифатени се сугестиите за заедничко чествување на следните личности од нашата заедничка историја: Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самуил. Двете страни се согласуваат да го промовираат договореното и во најкус можен рок да ги усогласат датумите и заедничките одбележувања. При секое официјално чествување на овие личности потребно е историската вистина за нашата заедничка историја јасно да се одбележува.