ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА: Почина Чиро Блажевиќ

LinkSense.mk

Вчера, два дена пред својот 88 роденден, после долга борба со ракот во Загреб почина фудбалскиот тренер и поранешен селектор на хрватската репрезентација Мирослав Чиро Блажевич почина.

Блажевиќ во 1982 година на Динамо му ја донесе титулата првак на Југославија по 24 години чекање и засекогаш стана легенда на Динамо.

Во 1998 година во Франција и донесе бронза на Хрватска и испиша спортска историја.

Франција беше зенитот во селекторската кариера на Чиро, а после тоа тој не оствари позабележителни успеси.

Во квалификациите за Европското првенство во 2000 година, во последното коло на Максимир мораше да ја победи Србија за пласман во дополнителните квалификации, но одигра 2:2 и Хрватска беше елиминирана.

Дојде до смена на генерации и квалификации аа Светското првенство во Јапонија и Кореја.

Хрватска лошо стартуваше и по ремито со Шкотланѓаните на Максимир, Чиро поднесе оставка.

Роден е во Травник на 9 февруари 1935 година. Завршил само основно училиште, а средното образование го напуштил поради фудбалот, иако тоа го надоместил подоцна во триесеттите.

Како фудбалер имаше просечна кариера играјќи за Динамо, Сараево, Риека, Хајдук и швајцарскиот Сион.

Како селектор испиша историја освојувајќи го третото место со Хрватска на Светското првенство во Франција во 1998 година.

За шест години, Чиро ја водеше Хрватска 73 пати и забележа 36 победи, 22 пати ремизираше и имаше 15 порази.

Со Динамо во 1982 година го освои шампионатот на Југославија, но навивачите на тој клуб го паметат и по тоа што го пушти Роберт Просинечки во Црвена звезда тврдејќи дека не е доволно талентиран.

Поради тоа до последно го потсетуваа на неговата изјава дека „ќе си го изеде шеширот ако Просинечки стане фудбалер“, додека пак тој тврдеше дека тоа намерно го кажал за да разбуди инает кај поранешниот играч на Реал Мадрид бидејќи видел дека има талент, но не и работни навики.

Тврдеше дека во кариерата жали единствено за тоа што никогаш не бил тренер на Црвена звезда, како и тоа дека би сакал да стане првиот Хрват на местото селектор на Србија.