Замрзнати 350 милијарди долари од ризницата на Путин

LinkSense.mk

Западот замрзна 350 милијарди долари девизни резерви на рускиот режим, „од воената каса на Владимир Путин“, изјави вчера во Варшава британската министерка за надворешни работи, Лиз Трус.

Досега нашите санкции ги парализираа оние кои ја хранат и финансираат воената машина на Путин. Оваа недела ќе објавиме дека замрзнавме повеќе од 350 милијарди долари од воената каса на Путин“, рече таа на заедничката прес-конференција со полскиот колега Збигњев Рау.

Тоа е повеќе од 60 отсто од 604-те милијарди долари од девизните резерви на режимот“, додаде Трус.

Таа, исто така, рече дека ќе побара од партнерите од НАТО и Г7 да воведат нови санкции, особено забрана за пристап на руските бродови до пристаништата, „удирајќи на индустриите кои ја полнат касата на Путин, како што е златото, и ќе се договорат за јасен временски план за забрана за увоз на руска нафта, јаглен и гас“.

Таа истакна дека е згрозена од „снимките од Буча“, град северозападно од Киев. „Ова се ужаси што мислевме дека ги оставивме зад нас во 20 век“, рече Трус.

 

 

 

 

 

(Фото: АФП)