Започна пленарната седница за избор на претседател на Собранието

Собранието на Република Северна Македонија ја продолжи конститутивната седница на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом.

Со 62 потписи на пратениците од СДСМ и Коалицијата „Можеме“, ДУИ и ДПА, Талат Џафери е предложен за уште еден четиригодишен мандат за
претседател на Собранието.

Бројот на потписите за предлогот на Џафери укажува дека во Собранието има мнозинство по договорот на лидерите на СДСМ и ДУИ за формирање на владина коалиција.

Претседателот на Собранието се избира со 61 глас.

На седницата и претходеше координација на пратеничките групи со Џафери за текот на пленарката, а координации имаа и пратеничките групи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ исто така имаше своја координација на која присуствуваше и лидерот на партијата Христијан Мицкоски.

На почетокот на седницата Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ побара доколку Џафери е предлог за претседател на Собранието, седницата да ја води некој од замениците.