Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов

октомври 28, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026
  • Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час
  • Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов
  • Француската влада најави реформи во образованието по пет недели протестив
  • Резултатите меѓу Нетанјаху и Ајзенкот изедначенипо изборите во Израел
  • Франција ангажира 70.000 полицајци за викендот, Макрон ги оцени претстојните протести како високоризични
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Започна првиот физички министерски состанок на НАТО од почеток на пандемијата
СВЕТ

Започна првиот физички министерски состанок на НАТО од почеток на пандемијата

март 23, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министрите за надворешни работи на НАТО на пладне ја започнаа првата седница од дводневниот состанок во Брисел.

Ова е првата физичка средба на министрите за надворешни работи на НАТО од почетокот на пандемијата.

На состанокот учествува македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој изутринава порача дека Северна Македонија стои рамо до рамо со нејзините сојузници во Алијансата и ги споделува вредностите на организацијата.

Во Брисел е присутен и новиот американски државен секретар, Ентони Блинкен, за кого ова е прва средба во седиштето на НАТО на оваа функција.

На дневен ред на министрите денеска се подготовките на претстојниот самит на НАТО кој ќе се одржи подоцна оваа година, како и иднината и перспективите на Алијансата за 2030 година, како да се адаптира овој сојуз на новите безбедносни предизвици.

Голем дел од разговорот ќе биде посветен на Русија, која според НАТО сојузниците станува сѐ попроблематичен партнер поради сѐ поагресивното однесување.

Присуството на американскиот државен секретар ќе биде прилика за НАТО да нагласи повторно дека е важно да се зајакнат трансатлантските односи.

„Дојдов тука да ја изразам цврстата посветеност на САД за Алијансата, која е темел на мир, просперитет и стабилност за трансатлантската заедници повеќе од 70 години. И дојдов во Брисел затоа што САД сака повторно да ги изгради партнерствата, пред сѐ со своите НАТО сојузници, сакаме да ја ревитализираме Алијансата и да ја направиме силна и ефикасна против денешните закани како што била и во минатото, изјави Блинкен утрово на прес конференција со генералниот секретар на НАТО“, Јенс Столтенберг.

„Имате декади искуство во надворешната политика и националната безбедност. И знам дека имате силна лична посветеност на НАТО, на трансатлантската врска. Поради тоа навистина ја ценам оваа прилика да Ве поздравам на Вашата прва посета на Европа, во седиштето на НАТО“, му порача Столтенберг на Блинкен.

Столтенберг говореше за глобалните предизвици, со кои се соочуваат емјите-членки во моментов, набројувајќи ги руските дестабилизирачки активности, заканата од тероризам, кибер нападите и нуклеарната пролиферација, разурнувачките технологии, подемот на Кина и влијанието на глобалното затоплување и климатските промени врз безбедноста.

„Ниту една земја, ниту еден континет не можат да се соочат со овие предизвици сами. Ниту Европа може сама, ниту Америка може сама. Но Европа и Америка можат заедно во НАТО. И нашиот состанок денеска ќе биде можност да укажеме како ја зајакнуваме оваа врска додека се подготвуваме за Самитот во Брисел подоцна во текот на оваа година“, рече Столтенберг.

Министрите ќе разговараат и за Блискиот Исток и Северна Африка, како и состојбата во Авганистан.

актуелно министерски состанок НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВИДЕО: „Алкалоид“ е првата домашна компанија добитник на престижниот меѓународен сертификат TOP EMPLOYER 2026

октомври 28, 2026

Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди и ветер над 60 километри на час

октомври 28, 2026

Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на Основното јавно обвинителствов

октомври 28, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.