Засега нема европски санкции за Русија

LinkSense.mk

Европската унија засега нема да воведува санкции кон Русија, рече денеска шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, отфрлајќи ги повиците на Киев за санкции за да се спречи војна наместо да се воведат санкции по евентуална инвазија.

Западните земји стравуваат дека концентрацијата на руски војници долж границата со Украина е вовед во инвазијата, која Москва ја отфрла. Соединетите Американски Држави и нивните европски сојузници порачаа дека ќе воведат остри санкции кон Москва во случај на напад врз Украина, а Киев бара тие итно да се воведат.

Чекаме одлуки“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Брисел пред да се обрати на редовниот состанок на европските министри за надворешни работи.

Веруваме дека постојат добри и легитимни причини да се воведат барем дел од санкциите сега за да се покаже дека Европската унија е подготвена да дејствува, а не само да зборува за санкции“, додаде тој.

Министрите на ЕУ го поддржаа пакетот финансиска помош од 1,2 милијарди долари за Украина, најавен минатиот месец, а исто така начелно се согласија со долгогодишното украинско барање за испраќање мала мисија воени инструктори.

Тие би требало да бидат од помош во обуката на украинските офицери.

Литванскиот министер за надворешни работи рече дека на Европската унија како иницијална каписла за санкции треба да и послужат и други постапки освен евентуалната инвазија, бидејќи Украина веќе трпи економски и други последици од руското акумулирање на воена сила на границата.

Постојат одредени работи кои веќе почнаа. Тие имаат своја цена и за нив треба да бара одговор“, им изјави на новинарите во Брисел Габриелиус Лансбергис. Шефот на литванската дипломатија побара и воведување дополнителни санкции за Белорусија поради руските војници на нејзина територија, како и затворање на дупките што Минск ги користи за извоз на нафта.

Сепак, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел и некои од присутните министри за надворешни работи јасно ставија до знаење дека Унијата засега нема намера да воведе санкции кон Русија. Борел им рече на новинарите дека ќе свика посебен состанок за договорат за санкциите „кога за тоа ќе дојде време“.

Во моментов, Унијата ги поддржува последните обиди да се договорат понатамошни состаноци, напоменал Борел, откако Париз објави дека американскиот претседател Џо Бајден и рускиот претседател Владимир Путин начелно се договориле да одржат самит за Украина.

Состаноците на врвот, на ниво на претседатели, на ниво на министри, без оглед на форматот, независно на начинот на кој разговараме, се преку потребни како обид да се избегне војна“, истакнал Борел.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, ја обвини Русија за „неодговорнопостапување кон цивилното население во источна Украина и ја повика Москва да се врати на преговарачката маса.

Спорадичното гранатирање долж линијата што ги дели украинските сили и проруските сепаратисти се интензивираа од четвртокот, а западните земји стравуваат дека Москва сака да создаде изговор за да спроведе инвазија.

Кулеба, говорејќи по состанокот со неговите колеги од ЕУ, го поздрави договорот за испраќање воени инструктори, истакнувајќи притоа дека тие не се борбени единици.

Уште треба да се разговара за деталите, параметрите и временската рамка, но ова е клучно за отворање на нова фаза во нашите односи“, рече тој.

Дипломатот на ЕУ напоменал дека мисијата ќе биде ограничена и нема да се реализира брзо.