Застрашувачки удари на торнадо во Америка

LinkSense.mk

Најмалку едно лице е повредено, а десетици куќи се уништени во големото невреме и налетот на неколку торнада кои ги погодија сојузните држави Тексас и Луизијана.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат застрашувачки последици од торнадата кои соборуваа далекуводи, корнеа стебла и носеа покриви од куќите.

Повеќе од половина милион домаќинства во Масачусетс, Конектикат и Роуд Ајленд останаа без струја заради „циклонот бомба“.